ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА ПРВИОТ СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

01.06.2023

Претставник на Народен правобранител-Националниот превентивен механизам (НПМ), м-р Славица Димитриевска - државен советник, учествуваше на првиот состанок за 2023 година на Мрежата на Национални превентивни механизми на Југоисточна Европа, во организација на грчкиот НПМ како претседавач со Мрежата за оваа година. ...


КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА – „НЕЗАВИСНОСТА - ФУНДАМЕНТАЛЕН ЕЛЕМЕНТ ЗА УСПЕШНОСТ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ“

24.05.2023

Заменик-народниот правобранител, г-ѓа Сузана Салиу учествуваше на 12-тата Конференција и Генералното собрание на Асоцијацијата на Омбудсман институциите на земјите на Медитеранот(АОМ), која се одржа во Приштина. ...


НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РС.МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РЕПУБЛИКА ПОЛСКА

24.04.2023

Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот во состав: м-р Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, во периодот од 25 до 28 април 2023 година, реализираа студиска посета на полскиот НПМ во рамки на која одржаа и неколкучасовна средба со претставници на Канцеларијата за темелни права на ФРОНТЕКС (Fundamental Rights Officer (FRONTEX). ...


УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

15.11.2022

Претставници на Народен правобранител-Националниот превентивен механизам (НПМ), м-р Славица Димитриевска, државен советник и м-р Бардхил Лимани, соработник учествуваа на вториот состанок на Мрежата на Национални превентивни механизми на Југоисточна Европа. Состанокот беше во организација на Австрискиот омбудсман борд, односно Националниот превентивен механизам на Австрија како претседавач на Мрежата, а финансиски беше поддржан од Советот на Европа. ...


СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА КАЈ СЛОВЕНЕЧКИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

09.11.2022

Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот на НПМ: Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, на 9 и 10 ноември 2022 година остварија студиска посета кај колегите од на словенечкиот НПМ каде што имаа можност да се сретнат и разменат искуства со Иван Шелих, заменик-омбудсман и одговорен за работата на НПМ, како и со членовите на тимот: Ана Полутник, Соња Божич Тестен, Јуре Маркиќ и Роберт Ганчиќ. ...