ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИСТАП ДО ПРАВДА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ ТЕМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
12.12.2025
Конференцијата, која се одржа под мотото „Човековите права и животната средина – Промовирање на пристап до правдата и институционална одговорност“, а по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, 10.12, успешно ги обедини сите клучни засегнати страни за да се адресираат предизвиците. ...
УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ПОДОБАР ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР ПРЕКУ ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА НА СОБРАНИЕТО СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“
04.12.2025
Преставнички на Институцијата Народен правобранител, државните советници д-р Вида Поповска Кочишка и Албина Исламили, учествуваа на дводневна работилница на тема: „Подобар парламентарен надзор преку зајакната соработка на Собранието со Националните институции за човекови права“, организирана со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На Конференцијата, учество зедоа и пратеници-членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците при Собранието на Република Северна Македонија, како и членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, претставници на собраниската служба. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН КАМПАЊАТА „1 ОД 5 - СТОП ЗА СЕКСУАЛНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦА“
18.11.2025
На Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, започна кампањата „1 од 5 - Стоп за сексуалното насилство врз деца“, која Народниот правобранител ја поддржува како дел од заедничките активности кои се спроведуваат во рамки на ЕУ проектот „Поддршка за владеење на правото“. ...
ПРОМОТИВНО-ИНФОРМАТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И УЛОГАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
24.10.2025
Народниот правобранител - Тимот за следење на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за права на лицатата со попреченост, продолжи со реализација на активностите за запознавање со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и улогата на Народниот правобранител во заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост. ...
УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „БРАТСТВО“ ОД СКОПЈЕ ВО ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
30.09.2025
Ученици од основно образование (седмо одделение) од скопското основно училиште „Братство“, заедно со нивниот наставник ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје. Имено, при посетата, учениците поднесоа претставка за заштита на еколошкото право и животната средина, како и непосредно запознавање со улогата, надлежноста и работата на Народниот правобранител. ...