ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Меѓународни активности

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАА НА ПРВИОТ РЕГИОНАЛЕН ТРЕНИНГ НА ТЕМА „МОНИТОРИНГ НА ПРИСИЛНО ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИ

09.04.2018

Претставници од канцеларијата на Народниот Правобранител – Национален превентивен механизам од 9ти до 12ти април, 2018 г. учествуваа на првиот регионален тренинг на тема „Мониторинг на присилно враќање на мигранти во земја на потекло“, кој се одржа во Белград, Република Србија. ...


РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА БОРБАТА ПРОТИВ КРШЕЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

14.02.2018

Претставници од канцеларијата на Народниот правобранител учествуваа на Регионалниот консултативен состанок на претставници од националните институции за човекови права, што се одржа во Сараево, во организација на Институцијата Омбудсман за човекови права на Босна и Херцеговина и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, канцеларијата на Советот на Европа и Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина. ...


ОБУКА ЗА ПОВЕЛБАТА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

06.02.2018

Претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, на 6 и 7 февруари 2018 година присуствуваше на Обука за применливоста на Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија на национално ниво, којашто се одржа во Виена, Австрија. Обуката беше спроведена во заедничка организација на Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија (FRA) и Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите права (ENNHRI). ...


СТУДИСКА ПОСЕТА НА РАБОТНАТА ГРУПА НА АОМ ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА МИГРАНТИ ВО МАДРИД, ШПАНИЈА

18.12.2017

Претставник од канцеларијата на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам, како дел од работната група на Асоцијацијата на омбудсмани од Медитеранот за правата на децата мигранти, од 18 до 20 декември учествуваше на студиска посета во Мадрид, Шпанија. ...


УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НПМ НА ЕВРОПСКИ ФОРУМ НА НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ВО ПРАГА

14.12.2017

Претставници од канцеларијата на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам на 14 и 15 декември 2017 год. учествуваа на Европскиот Форум на НПМ, кој се одржа во Прага, Р. Чешка. ...