ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКДОНИЈА И ЛОКАЛЕН ОМБУДСМАН НА КРАГУЕВАЦ
25.10.2023
Заменик - народниот правобранител, д-р Јован Андоновски и Локалниот омбудсман на град Крагуевац, Јелена Миливојевиќ потпишаа Меморандум за соработка чија цел е зајакнување на пријателските односи помеѓу институциите со цел придонес во заштитата на правата на граѓаните врз основа на начелата на рамноправност и взаемна корист, а согласно со законите и прописите на Република Северна Македонија и Република Србија. ...
ОДРЖАНА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО И МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА НЕНАСИЛСТВО
02.10.2023
Секоја година првата недела од месец октомври се одбележува како Недела на детето, со цел да се потсетат државите потписнички на Конвенцијата за правата на детето за потребата од обезбедување на услови кои би гарантирале спроведување на принципите и правата кои произлегуваат од Конвенцијата. ...
ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ УЧЕНИЦИ И НАСТАВЕН КАДАР ОД СОУ „ГОСТИВАР“ ОД ГОСТИВАР ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СКОПЈЕ
21.09.2023
Ученици од прва до четврта година од СОУ „Гостивар“ - Гостивар и нивни наставници ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје, при што се одржа едукативна средба со претставници од Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, Државната советничка на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска - Мустафа, и советничката, Албина Исмаили. ...
РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „СОРАБОТКАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ЛОКАЛНАТА СМОУПРАВА И ЕФЕКТИТЕ ОД ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ“
13.09.2023
Во организација на Канцеларијата на Народниот правобранител, а во рамките на ИПА проектот „Владеење на правото“, во Штип се одржа првата, од планираните 15 работилници, во повеќе региони на државата, на тема „Соработката на Народниот правобранител со локалната самоуправа и ефектити од децентрализацијата за граѓаните“. ...
ТЕМАТСКИ ФОРУМ - КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНАТА УСТАНОВА КПУ-КПД „ИДРИЗОВО“
19.07.2023
Имајќи ја предвид прогласената кризна состојба на подрачјето на Општина Гази Баба на која Казнено-поправната установа Казнено поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, а заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата (Одлука на Влада на Република Северна Македонија бр. 41-5397/3 , како и Одлука на Владата на Република Северна Македонија бр. 41-6712/3 од 07.07.2023 година) , на 19 јули 2023 година, Македонското здружение на млади правници и Народен правобранител – Национален превентивен механизам, поддржани од Канцеларијата на Обединетите Нации во РС. Македонија, одржаа тематски форум на кој учествуваа челниците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Управата за извршување на санкции (УИС), КПУ-КПД „Идризово“, но и претставници на Армијата на РСМ, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Хелсиншкиот комитет и Советот на Европа во РС. Македонија. ...