ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Активности

КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 10.ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

10.12.2021

По повод 10. декември, Меѓународниот ден на човековите права, Канцеларијата на Народниот правобранител преку платформата Зум организираше конференција со наслов „10. ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА - ДЕНОТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ“, на која за значењето на човековите права и потребата од нивно почитување со свои излагања се обратија, народниот правобранител, г. Насер Зибери, вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Ерик Мејер, судијата на Врховниот суд, г-ѓа Мирјана Лазарова - Трајковска, професорите, д-р Светомир Шкариќ, д-р Ана Павловска-Данева, д-р Беса Арифи, д-р Јасмина Димириевска и д-р Јусиф Зејнели. Во во рамките на Конференцијата, исто така, се вклучија и главниот и одговорен уредник на неделникот „Фокус“, г-ѓа Гордана Дувњак, студенти од повеќе Универзитети во државата и претставник на дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум. ...


СО ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

03.12.2021

„Донесувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2006, а особено нејзината ратификација од страна на нашата држава Република Северна Македонија во 2011 година, претставува значаен чекор за препознавање на правата и потребите на лицата со попреченост, а особено за признавањето на обврските на државата за гарантирање на непреченото уживање на овие права. ...


ДЕБАТА ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

18.11.2021

Во пресрет на Светскиот ден на детето 20. ноември, Народниот правобрантиел-Одделението за следење на состојбите и заштита на правата на децата, како и на лицата со попреченост, на 17. и 18. ноември организираше онлајн дебата со ученици/ученички омбудсмани, претседатели на ученички параламенти и нивни членови од повеќе основни и средни училишта во државата. ...


СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Г.ШЕРЕФ МАЛКОЧ

03.07.2021

Народниот правобранител г. Насер Зибери оствари средба со неговиот колега, омбудсманот на Република Турција г. Шереф Малкоч. ...


ОБЈАВЕН ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА СОСТОЈБАТА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НЕЕВИДЕНТИРАНИ ЛИЦА

03.06.2021

„Народниот правобранител, согледувајќи ги одговорите добиени од Управата за водење на матичните книги и Граѓанските организации/Здруженија кои се занимаваат со проблематиката, при тоа тргнувајќи од определеното во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (Службен весник на Република Северна Македонија број 42//2020) и Уредбата со законска сила за измени и дополнување за примена на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени во време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија број140/2020), утврди дека важноста на Законот е до 30.06.2021 година, а во пракса 70 % од идентификуваните неевидентирани лица сѐ уште не поднеле барање за упис. ...