ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Меѓународни активности

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОМИТЕТОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ОД ТОРТУРА

03.11.2019

Државниот советник за спречување од тортура, г-ѓа Вјолца Рушај и советникот за спречување од тортура, г-дин Александар Тренкоски, како дел од Народен правобранител – Национален превентивен механизам на Република Северна Македонија, од 3-6 ноември 2019 година учествуваа на Конференцијата во Стразбур, Франција, по повод 30 годишнината од формирањето на Комитетот за спречување од тортура. ...


ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОМБУДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, КОСОВО И АЛБАНИЈА

31.10.2019

Народниот правобранител, г.Иџет Мемети учествуваше на состанокот со своите колеги, обудсманот на Република Косово, г. Хилми Јашари и омбудсманот на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца, кој се одржа во Валона, Република Албанија. На состанокот учествуваа и претставници на Комисиите за спречување и заштита од дискриминација. ...


УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ГРАДЕЊЕ НА МИР

29.10.2019

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на работилница насловена „Истражувајќи ја улогата на Националните институции за човекови права во градење на мирот“, што во организација на Европската мрежа на Национални институции за човекови права (ЕННХРИ) се одржа во Загреб, од 29 до 31 октомври 2019 година. ...


ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

17.10.2019

Заменик-народниот праворанител, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа и советник од канцеларијата на Народниот правобранител учествуваа на дводневната Меѓународната конференција на тема „Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција:справување со предизвиците кои произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права и други институции при Советот на Европа“, што се одржа во Црна Гора, во организација на Советот на Европа. ...


ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА ДВОДНЕВНА ОБУКА/РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

16.10.2019

Претставници на Народниот правобранител учествуваа на дводневна обука/работилница за заштита на личните податоци под наслов „Општа регулатива за заштита на личните податоци и предизвиците од аспект на човековите права“ која во организација на Европската мрежа на Меѓународниот омбудсман институт (IOI) и Народниот правобранител на Република Латвија се одржа во Рига, Република Латвија. ...