ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИЕТЕЛ УЧЕСТВУВАА ВО КАМПАЊАТА ЗАЕДНО ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА
10.12.2024
Претставници од канцеларијата на Народениот правобранител, зедоа учество на настан - Јавна средба на средношколците од СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје, во организација на Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ - Скопје, во рамки на кампањата: „Заедно ставаме крај на насилството врз жени и деца“, на која, учество зедоа и претставници на МВР, ЈУ МЦСР на Град Скопје и ЈЗУ Клиника за гинекологија Скопје. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, ВО СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ХЕРА“, СНИМИ ИНФОРМАТИВЕН ВИДЕО-МАТЕРИЈАЛ, ПРИЛАГОДЕН НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК
02.12.2024
Народниот правобранител, во соработка со невладината организација ХЕРА-Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, сними информативен видео-материјал, прилагоден на знаковен јазик, во кој народниот правобранител, г.Насер Зибери информира за мандатот и надлежностите на Народниот правобранител во заштита на човековите слободи и права. ...
ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОДРАЧНАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ТЕТОВО ОДРЖАА ЕДУКАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ВО УЧИЛИШТАТА ВО ОПШТИНИТЕ ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЗА ПРОМОЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА
21.11.2024
Во периодот од 25.10.2024 година до 21.11.2024 година, согласно Програмата за работа на Народниот правобранител за 2024 година, Подрачната Канцеларија на Народниот правобранител во Тетово реализираше информативно-едукативни средби со ученици од основни и средни училишта, за правата на децата и механизмите за заштита, во 5 основни и 5 средни училишта во Општина Тетово, Општина Гостивар и Општина Желино. ...
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА НАРОДНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЖИВОТНА СРЕДИНА/ЕКОЛОШКА ПРАВДА
20.11.2024
„Промените на климата кои се последица од човечкото дејствување не остануваат неказнето, па затоа природата секоја година се пожестоко почна да го враќа ударот. Сите сме сведоци на се постудени зими и пожешки лета, на торнада и урагани кои уриваат буквално се пред себе. Едно од главните прашања во овој 21 век, е, Што треба да направиме, на светско ниво, за во иднина да ги спречими/намалиме појавите на топење на мразот, покачувањето на температурата со еден збор, што треба да направиме за да се намали нашето влијание врз климата, поточно промените на климата? ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВНИ И КУЛТУРНИ ИНИЦИЈАТИВИ „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ ЗАПОЧНУВА ЕДНОГОДИШНА КАМПАЊАТА СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА
Денес во чест на одбележувањето на денот на донесувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 година и 31-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата од нашата земја, Народниот правобранител во РСМ и Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи „Чекор по чекор“ ја отпочнуваат кампањата СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА. ...