ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА СРЕДБА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ НА МЕДИТЕРАНОТ
10.06.2013
„Јакнење на комуникацијата што Омбудсман институциите ја имаат со администрацијата, подобрување на соработката помеѓу овие институции и органите на државната управа со цел поефикасна помош на граѓаните „ беше тема на седмата средба што во организација на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот (АОМ) и Канцеларијата на омбудсманот на Хашемитското Кралство Јордан се одржа во Аман, Јордан на 10 и 11 јуни на која учествуваше народниот правобранител на Република Македонија, г-динот Иџет Мемети. ...
ФОРМИРАНА РЕГИОНАЛНА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
25.03.2013
Националните превентивни механизми (НПМ) од Албанија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија на средбата која се одржа на 25 и 26 март во Белград , Република Србија донесоа Декларација за соработка во насока на формирање на мрежа со која ќе се зајакне и унапреди досегашната соработка која постои во регионот на Југоисточна Европа. ...
СРЕДБА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ (НПМ) ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ПРЕСТАВНИК НА НПМ ОД МАКЕДОНИЈА
Претставник на Националниот превентивен механизам од Македонија учествуваше на средбата одржана на 25 и 26 март во Белград, Србија каде се донесе Декларација за соработка на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ
21.03.2013
Народниот правобранител г.Иџет Мемети на 21 и 22 март, учествуваше на меѓународната конференција, која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, а на која се разговараше за позитивните практики во заштитата на човековите права на припадниците на вооружените сили. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА СОСТАНОК НА ОМБУДСМАНИТЕ НА ВИШЕГРАДСКАТА ГРУПА И ЗАПАДЕН БАЛКАН
12.03.2013
Омбудсманите од Вишеградската група и Западен Балкан на состанок кој се одржа на 13 март во Варшава, Република Полска, на кој учествуваше и македонскиот омбудсман г. Иџет Мемети, разговараа за нивната улога во општеството, проблемите со кои се соочуваат, како и за предизвиците во иднина. ...