ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ, ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА НА ДАНСКИОТ НПМ
01.07.2013
Претставник на Националниот превентивен механизам(НПМ) заедно со претставник од Одделението за меѓународна соработка преку Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – TAIEX, оствари студиска посета на Данскиот НПМ на кој беа разменети искуства и практики во доменот на превенција од тортура во местата на лишување од слобода. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА СРЕДБА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ НА МЕДИТЕРАНОТ
10.06.2013
„Јакнење на комуникацијата што Омбудсман институциите ја имаат со администрацијата, подобрување на соработката помеѓу овие институции и органите на државната управа со цел поефикасна помош на граѓаните „ беше тема на седмата средба што во организација на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот (АОМ) и Канцеларијата на омбудсманот на Хашемитското Кралство Јордан се одржа во Аман, Јордан на 10 и 11 јуни на која учествуваше народниот правобранител на Република Македонија, г-динот Иџет Мемети. ...
ФОРМИРАНА РЕГИОНАЛНА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
25.03.2013
Националните превентивни механизми (НПМ) од Албанија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија на средбата која се одржа на 25 и 26 март во Белград , Република Србија донесоа Декларација за соработка во насока на формирање на мрежа со која ќе се зајакне и унапреди досегашната соработка која постои во регионот на Југоисточна Европа. ...
СРЕДБА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ (НПМ) ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ПРЕСТАВНИК НА НПМ ОД МАКЕДОНИЈА
Претставник на Националниот превентивен механизам од Македонија учествуваше на средбата одржана на 25 и 26 март во Белград, Србија каде се донесе Декларација за соработка на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ
21.03.2013
Народниот правобранител г.Иџет Мемети на 21 и 22 март, учествуваше на меѓународната конференција, која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, а на која се разговараше за позитивните практики во заштитата на човековите права на припадниците на вооружените сили. ...