ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Активности

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО НА СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОВРЗАНА СО СЕМЈЕНОТО НАСИЛСТВО

29.10.2019

Имплементација на Законот за превенција, спречување, и заштита од семејно насилство, беше тема на дискусија на јавната расправа која се одржа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија. ...


УЧЕСТВО НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

15.10.2019

По повод одбележувањето на 15. Октомври - Меѓународниот ден на Белиот стап - симболот на слепите лица (признат од Организацијата на Обединетите Нации), заменик-народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, заедно сo тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, учествуваа на тркалезната маса на тема „Договорот од Маракеш – придобивки за лицата кои не можат да читаат стандарден печат“, организирана од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија. ...


ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ПРИСУСТВУВАА НА ОТВОРАЊЕТО НА ПИЛОТ ЦЕНТАРОТ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА И ПОДДРШКА НА ДЕЦА И МЛАДИ

10.10.2019

Претставници од тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за заштита на права на лицата со попреченост при Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост при Народен правобранител, присуствуваа на отворањето на Пилот Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади, кој се наоѓа во поранешниот Дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје. ...


СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ВРАБОТЕНИ И УЧЕНИЦИ ОД ПОУ „Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ“ СКОПЈЕ

10.10.2019

Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа заедно со тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, по повод одбележувањето на Светската недела на детето, реализираа средба со дел од вработените и учениците од Посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Кисела Вода - Скопје. ...


СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

09.10.2019

Народниот правобранител, г.Иџет Mемети оствари средба со претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Канцеларија за следење и борба против трговијата со луѓе, а во врска со Извештајот што САД секоја година го изготвуваат со цел проценка на состојбата со борбата против трговијата со луѓе во вкупно 178 земји во светот. ...