ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
УЧЕСТВО НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ВО ВРСКА СО ИЗВРШУВАЊЕТО НА ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РАБОТАТА НА НАДВОРЕШНИОТ МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКА КОНТРОЛА
13.02.2023
Претставници на канцеларијата на Народниот правобранител, г-ѓа Васка Б-Мустафа и г-ѓа Вида Поповска Кочишка, учествуваа на тркалезна маса на која се дебатираше за извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права и за функционирањето на Надворешниот механизам за граѓанска контрола (НМК) востановен во рамките на канцеларијата на Народниот правобранител, организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, во рамки на Хоризонталниот инструмент на програмата на Европската Унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција. ...
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „УЧИМЕ ДА ВКЛУЧИМЕ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
19.12.2022
Државниот советник, м-р Васка Б. Мустафа учествуваше како панелист на настанот „Учиме да се вклучиме“, во организација на Здружението Отворете ги прозорците, кој беше завршен настан на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, реализиран со поддршка од Детската Фондација „Песталоци“. ...
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКEДОНИЈА Н.Е. ДЕЈВИД ГИР
21.11.2022
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Евроспката Унија во Република Северна Македонија Н.Е Дејвид Гир, на која, меѓу другото стана збор за важноста на институцијата Народен правобранител во рамките на преговарачкиот процес со Европската Унија од аспект на независен механизам за заштита на правата на граѓаните, како и за актуелните состојби поврзани со работата на Институцијата, соработката со другите институции, како и состојбата од финансиски, така и од кадровски аспект. ...
ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО, УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ОД ОД ООУ „АЦО ШОПОВ“ ВО ПОСЕТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
15.11.2022
Ученици од основно образование (од седмо и осмо одделение) од скопските основни училишта „Ацо Шопов“ и од ,„Љубен Лапе“, заедно со нивни наставници ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје, и се сретнаа со претставници од Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост. ...
СТУДИСКА ПОСЕТА НА ИНСТИТУЦИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЕДНАКВОСТ НА РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
31.10.2022
Во рамките на меѓународната соработка на Институцијата Народен правобранител-Национален превентивен механизам, во дводневна посета беа членовите на Институцијата за човекови права и еднаквост на Република Туркије, акредитирана како Национална институција за човекови права со статус Б. ...