ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

08.07.2020

„На денешниот настан, говорејќи за основните права со кои се утврдуваат минимум стандарди за осигурување на достоинствено однесување кон секоја индивидуа, уште еднаш се потсетуваме колку е потребна и колку е значајна промоцијата на овие права и негувањето на слободата и демократијата, еднаквоста на граѓаните и владеењето на правото како вредности на кои се темели Европската Унија, а кои ние како општество треба да ги исполниме на патот за членството во Унијата“. ...


СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г.РАЈНЕР ДЕВИЛ ТИМ ЛИДЕРОТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР

09.06.2020

Народниот правобранител г.Иџет Мемети се сретна со г.Рајнер Девил, судија на Апелационен суд во Германија, кој е тим лидер на проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“, финансиран од Европската Унија, чија главна цел е поддршка на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и Акцискиот план во врска со независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и обвинителите, како и да се подобри ефикасноста на администрацијата во правосудните органи и зајакнување на капацитетите на сите страни во секторот. ...


НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СПРОВЕДЕ ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОГЛЕДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

14.05.2020

Со цел да се согледа каква е состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со посебни потреби во основните училишта, Народниот правобранител спроведе истражување со кое беа опфатени сите општински основни училишта во државата, а по анализата на податоците изготви Посебен извештај од спроведеното истражување за состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со посебни образовни потреби во основните училишта во Република Северна Македонија. ...


РОМСКАТА ЖЕНА ВО 21 ВЕК – МОЖНОСТИ, ПРИДОНЕСИ И ПРЕДИЗВИЦИ

07.03.2020

Заменичката на народниот правобранител, г-ѓа Васка Б-Мустафа, учествуваше на Панел дискусијата која во пресрет на Денот на жената 8- ми март се одржа во ЕУ куќа (EU house) во Скопје, а организиран од Коалицијата „Khetane„. ...


СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МAКЕДОНИЈА

05.02.2020

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз. ...