ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Активности

УЧЕСТВО НА ВТОРАТА МЕЃУНАРОДНА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА „РАЗМЕНУВАМЕ ЗНАЕЊА – СОЗДАВАМЕ МОЖНОСТИ“

13.09.2019

Претставници на тимот на Народниот правобранител за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, при Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, присуствуваа на Втората меѓународна студентска конференција за специјална едукација и рехабилитација „Разменуваме знаења – содаваме можности“, која се одржа од 13-15.09.2019 на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет и Здружението на студенти на специјална едукација и рехабилитација – СПЕЦИЈАЛНИ СТУДЕНТИ. ...


ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА „ВОДИЧ ЗА СООДВЕТНО ПРИСПОСОБУВАЊЕ“

12.09.2019

Претставници на тимот на Народниот правобранител за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, при Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, зедоа активно учество на работилницата и дискусијата за изработка на „Водичот за соодветно приспособување“, која се одржа на 12.09.2019 г. во хотел „Арка“ Скопје, во организација на ОБСЕ и „Полио плус“ – движење против хендикеп. ...


НАЦИОНАЛНА КАМПАЊАТА “ГЛАСНО ПРОТИВ ГЛАСИНИ“

10.09.2019

ретставник на Народниот правобранител, на 10.09.2019 година учествуваше на настан со кој официјално се означи почетокот на Националната кампања “Гласно против гласини“,поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Кампањата под слоганот „СекојаЕднаЕВредна“, има за цел да ја подигне свеста за штетното влијание од ширењето „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во македонското општество. ...


СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

08.08.2019

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, заедно со членовите на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, остварија средба со претседателот и членови на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје. ...


ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА - МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

26.07.2019

Заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа учествуваше на Јавна расправа во Собранието на Република Северна Македонија по Предлог - законот за основното образование, на која ги образложи забелешките на Институцијата по овој предлог. ...