ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Активности

УЧЕСТВО НА 47 СЕСИЈА НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА И ДРУГ ВИД НА СУРОВО, НЕЧОВЕЧКО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ ИЛИ КАЗНУВАЊЕ

14.06.2022

На 47 сесија на Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Обединетите Нации (СПТ) што во форма на вебинар се одржа на 14 јуни 2022 година, претставник на Националниот превентивен механизам, м-р Славица Димитриевска ја презентираше состојбата со мигрантите и баратели на азил во земјата, односно наодите и препораките на Националниот превентивен механизам од спроведените посети во местата на лишување од слобода на мигранти, баратели на азил и странци. ...


УЧЕСТВО НА КООРДИНАТИВНИОТ СОСТАНОК И ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО НА КОНЦЕПТОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА МУЛТИСЕКТОРСКА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ НА РСМ

25.05.2022

Државните советници од Одделот за заштита на правата на детето и лица со попреченост при Народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа и г-ѓа Весна Костиќ, на 25.05.2022 година, учествуваа на координативен состанок на кој беше презентиран Концептот за изработка на Мултисекторска национална стратегија за правата на лицата со попреченост на РСМ. ...


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА

16.05.2022

Народнит правобранител, г.Насер Зибери и деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Никола Дујовски, потпишаа Меморандум со кој се уредува меѓусебната соработка на полето на едукацијата, обуките, давањето на експертска помош при изработка на одредени проекти. ...


ДЕБАТА НА ТЕМА „УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

19.04.2022

„Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“, беше тема на Тркалезната маса кој ја организираше канцеларијата на Народниот правобрантел, со цел согледување на проблемите во оваа сфера и утврдување на заклучни согледување за нивно подобрување. ...


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „РОМАЛИТИКО“

30.03.2022

Народниот правобранител г.Насер Зибери и извршниот директор на Невладината организација „Ромалитико“, г.Елвис Шаќири, потпишаа Меморандум за соработка, со кој во иднина се планираат заеднички активности, во поглед на унапредувањето на заштитата на правата на Ромите, како и организирање на заеднички настани кои имаа за цел информирање за надлежностите на институцијата во поглед на заштитата на правата на граѓаните. ...