ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛЕНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАА НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „МОНИТОРИРАЊЕ НА ИМИГРАЦИСКИОТ ПРИТВОР“
31.10.2017
Претставници од канцеларијата на Народниот правобранител- Национален превентивен механизам од 31 октомври до 3 ноември 2017 година во Бејрут, Либан, учествуваа на работилница на тема „Мониторирање на имиграцискиот притвор“. ...
УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА НА ПРИСИЛНО РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА ОД КОНФЛИКТОТ ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА“
27.10.2017
Претставник на Народниот правобранител-Националниот превентивен механизам учествуваше на Конференција на тема ,,Економски и социјални права на присилно раселените лица од конфликтот во поранешна Југославија“. Настанот се одржа на 27-28 јуни 2017 година, во Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина, Сараево, а беше организирана од Одделот на Европската социјална повелба на Советот на Европа. ...
ПРЕТСТАВНИК НА НП-НПМ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРЕНИНГ СЕСИЈА НА ТЕМА: „ДЕОНТОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ И ПРАВАТА НА МИГРАНТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА НИВНИТЕ МИГРАЦИСКИ ДВИЖЕЊА“
18.10.2017
Претставник од канцеларијата на Народниот правобранител- Национален превентивен механизам на 18 и 19 октомври, 2017 година учествуваше на тренинг сесија организирана од Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот во Казабланка, Мароко на којашто домаќин беше Медијаторот на Кралството Мароко. Темата на тренинг сесијата беше „Деонтологија на безбедносните сили и правата на мигрантите за време на нивните миграциски движења: улогата на омбудсман институциите“, а на истата учествуваа претставници на омбудсман институции од вкупно 16 медитерански земји, како и високи претставници на повеќе невладини и меѓународни институции. ...
СОСТАНОК НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА (A&M WG) НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА (ЕННХРИ/ENNHRI)
17.10.2017
Претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, на 18 и 19 октомври 2017 година присуствуваше на неколку работни средби коишто се одржаа во Брисел, Белгија, во организација на Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите права (ЕННХРИ /ENNHRI) и Комесарот за човекови права на Совет на Европа. ...
УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА МЕЃУНАРОДНА ОМБУДСМАН КОНФЕРЕНЦИЈА И СОСТАНОК НА УПРАВУВАЧКИОТ ОДБОР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ И МЕДИЈАТОРИ НА МЕДИТЕРАНОТ
25.09.2017
Народниот правобранител г. Иџет Mемети учествуваше на дводневен настан во Истанбул, Република Турција во чии рамки се одржа меѓународна конференција на омбудсманите од Европа, Азија и Африка посветена на улогата и ефикасноста на Омбудсман институциите и проблемите со кои истите се соочуваат при работа на претставки. ...