ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА НА ПРИСИЛНО РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА ОД КОНФЛИКТОТ ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА“
27.10.2017
Претставник на Народниот правобранител-Националниот превентивен механизам учествуваше на Конференција на тема ,,Економски и социјални права на присилно раселените лица од конфликтот во поранешна Југославија“. Настанот се одржа на 27-28 јуни 2017 година, во Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина, Сараево, а беше организирана од Одделот на Европската социјална повелба на Советот на Европа. ...
ПРЕТСТАВНИК НА НП-НПМ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРЕНИНГ СЕСИЈА НА ТЕМА: „ДЕОНТОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ И ПРАВАТА НА МИГРАНТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА НИВНИТЕ МИГРАЦИСКИ ДВИЖЕЊА“
18.10.2017
Претставник од канцеларијата на Народниот правобранител- Национален превентивен механизам на 18 и 19 октомври, 2017 година учествуваше на тренинг сесија организирана од Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот во Казабланка, Мароко на којашто домаќин беше Медијаторот на Кралството Мароко. Темата на тренинг сесијата беше „Деонтологија на безбедносните сили и правата на мигрантите за време на нивните миграциски движења: улогата на омбудсман институциите“, а на истата учествуваа претставници на омбудсман институции од вкупно 16 медитерански земји, како и високи претставници на повеќе невладини и меѓународни институции. ...
СОСТАНОК НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА АЗИЛ И МИГРАЦИЈА (A&M WG) НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА (ЕННХРИ/ENNHRI)
17.10.2017
Претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, на 18 и 19 октомври 2017 година присуствуваше на неколку работни средби коишто се одржаа во Брисел, Белгија, во организација на Европската мрежа на национални институции за заштита на човековите права (ЕННХРИ /ENNHRI) и Комесарот за човекови права на Совет на Европа. ...
УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА МЕЃУНАРОДНА ОМБУДСМАН КОНФЕРЕНЦИЈА И СОСТАНОК НА УПРАВУВАЧКИОТ ОДБОР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ И МЕДИЈАТОРИ НА МЕДИТЕРАНОТ
25.09.2017
Народниот правобранител г. Иџет Mемети учествуваше на дводневен настан во Истанбул, Република Турција во чии рамки се одржа меѓународна конференција на омбудсманите од Европа, Азија и Африка посветена на улогата и ефикасноста на Омбудсман институциите и проблемите со кои истите се соочуваат при работа на претставки. ...
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКИОТ ОМБУДСМАН ИНСТИТУТ (ЕОИ) И НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
20.09.2017
Претставник на Народниот правобранител учествуваше на дводневен настан во Букурешт, Република Романија во рамките на кој се одржа Генералното собрание на Европскиот Омбудсман Институт (ЕОИ), како и конференцијата за човековите права, по повод 20 години постоење на Омбудсман институцијата во Романија. ...