ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Меѓународни активности

ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

03.06.2024

Претставник на канцеларијата на Народниот правобранител – државен советник, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, заедно со уште дваесетмина претставници на други иституции од Република Северна Македонија, беше дел од студиската посета во Република Хрватска. Посетата беше организирана во рамките на проектот на Советот на Европа „Квалитетно образование за сите“, финансиран од Сојузна Република Терманија, а во соработка со Мрежата на центри за образовни политики. ...


УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РЕГИОНОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СОРАБОТКА (ОБСЕ) ПОСВЕТЕН НА ПРЕВЕНЦИЈА НА ТОРТУРА И ДРУГО НЕСООДВЕТНО ПОСТАПУВАЊЕ – ФОКУС НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО МЕСТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

09.11.2023

Во периодот 9 и 10 ноември 2023 година, државниот советник, м-р Славица Димитриевска учествуваше на состанокот посветен на менталното здравје во места на лишување од слобода што во организација на Асоцијацијата за превенција на тортура (АПТ), Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) и Советот на Европа се одржа во Копенхаген, Данска, а на кој учествуваа претставници на Националните превентивни механизми (НПМ) и граѓанските организации кои работат на оваа проблематика во регионот на ОБСЕ. ...


УЧЕСТВО НА ПРВИОТ СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

01.06.2023

Претставник на Народен правобранител-Националниот превентивен механизам (НПМ), м-р Славица Димитриевска - државен советник, учествуваше на првиот состанок за 2023 година на Мрежата на Национални превентивни механизми на Југоисточна Европа, во организација на грчкиот НПМ како претседавач со Мрежата за оваа година. ...


КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА – „НЕЗАВИСНОСТА - ФУНДАМЕНТАЛЕН ЕЛЕМЕНТ ЗА УСПЕШНОСТ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ“

24.05.2023

Заменик-народниот правобранител, г-ѓа Сузана Салиу учествуваше на 12-тата Конференција и Генералното собрание на Асоцијацијата на Омбудсман институциите на земјите на Медитеранот(АОМ), која се одржа во Приштина. ...


НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РС.МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РЕПУБЛИКА ПОЛСКА

24.04.2023

Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот во состав: м-р Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, во периодот од 25 до 28 април 2023 година, реализираа студиска посета на полскиот НПМ во рамки на која одржаа и неколкучасовна средба со претставници на Канцеларијата за темелни права на ФРОНТЕКС (Fundamental Rights Officer (FRONTEX). ...