ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени
29.09.2005, Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ОД СОСТАНОКОТ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ВО ВРСКА СО РАБОТАТА НА КОМИСИИТЕ ЗА ОЦЕНКА НА РАБОТНАТА СПОСОБНОСТ

    • Народниот правобранител подготви и достави Информација до Министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поради изразеното незадоволство на граѓаните од работата на комисиите за оценка на работната способност. Граѓаните најчесто се жалат на нивната необјективност, неоправданото одолжување на постапките или поради корупција.

      Заради надминување на проблемите и поефикасно остварување на правата на граѓаните на 29 септември 2005 година се одржа состанок со претставници на Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и комисиите за оценка на работната способност.

      На состанокот беа поканети и претседателите на сите комисии кои постапуваат во оценката на работната способност, но присуствуваше само раководителот на комисиите.





22.12.2011, Скопје


НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ИНИЦИРА СУШТИНСКА ИЗМЕНА НА ЕДУКАЦИЈАТА ВО СИТЕ СТЕПЕНИ И ВИДОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА И ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА НИВНА ЗАШТИТА

  • Народниот правобранител смета дека е неопходна потребата во сите степени и видови на образование да се воведе посебен наставен предмет за човековите слободи и права и за механизмите за заштита во национални и меѓународни рамки. Исто така, во барањето доставено до: Владата, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, омбудсманот предлага да се извршат подлабоки промени не само во наставните програми и наставни содржини, туку и во учебниците кои треба соодветно и правилно да ги едуцираат децата, па и наставниот кадар, за сите права и слободи и сите механизми, постапки и начини за остварување и заштита на човековите слободи и права.

    Со воведување на овие активности во сите степени и нивоа на образованието, па и во областа на образованието на возрасни би се едуцирале не само децата, туку и граѓаните да ги препознаваат нивните права и обврски и би се здобиле со сознанија за институциите што се надлежни за остварување и заштита на нивните права. Така директно ќе се влијае врз работата на институциите, национални и меѓународни, со цел да стане поефикасна. 



26.12.2011, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ДОСТАВИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

  • Народниот правобранител  подготви и достави посебна информација за спроведувањето на одлуките на Европскиот  суд за човекови права, чија цел е истакнување на важноста на квалитетот на извршување на одлуките на судот.

    Имено, Народниот правобранител смета дека сите органи и институции треба да дадат свој придонес за квалитетно извршување на одлуките на  Судот, со што  пред се ќе им помогнат на граѓаните, а со тоа и на нашето општество и пошироко.