ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
Владата на Република Македонија:
Министерства:
1. Oрганите во состав на министерствата:
управи (за извршување на санкциите, за имотно-правни работи, за царините, за наменско производство, за јавни приходи, за водостопанство, за ветеринарство, за хидрометеоролошки работи, за цивилна и воздушна пловидба, за катастар и регистрација на недвижности и др.).
инспекторати (управен, девизен, пазаришен, за техничка инспекција, за земјоделство, санитарен и здравствен, просветен, за труд, за локална самоуправа, за транспорт, градежништво и урбанизам, за животна средина и комунален).
фондови (за здравствено осигурување, за пензиско и инвалидско осигурување, за животна средина и за води);
заводи (за статистика, за геодетски работи и други);
бироа (за судски вештачења, за заштита на индустриска сопственост, за туризам, за развој на образованието, за стопански недоволно развиени подрачја, за лекови и други);
агенции (за иселеништво, за информации, за спорт и млади, за развој и инвестиции);
служби (за животна средина, за просторен и информативен систем, за стандардизација и метеорологија и други);
здравствени установи (болници, амбуланти, психијатриски и невро-психијатриски болници, домови за стари лица и домови за згрижување на деца);
образовни институции (за претшколска возраст, основно, средно и високо образование);
центри за социјални работи и други.
2. Подрачните единици
Народниот правобранител интервенира и во работата на јавните претпријатија, служби и установи од областа на: железницата, пошта, телекомуникации, електростопанство, радио и телевизија, станбени и комунални претпријатија, како и во органите и телата на локалната самоуправа.