ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УКАЖУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, ПО КОНСТАТИРАНА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ЗГРИЖЕНИ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

01.06.2022, СКОПЈЕ

По донесената Одлука на Советот на Општината, согласно која, сите деца кои се запишани во детските градинки на територија на општина Карпош, а со место на живеење не се во оваа општина, да бидат отпишани од градинките најдоцна до 10 јуни 2022 година, Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, благовремено презеде дејствија и достави Укажување до градоначалникот на општина Карпош и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош, при што ужажа дека со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот на Република Северна Македонија, и побара отстранување на констатираната повреда.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ