ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

„ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ-МАКЕДОНИЈА“: НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, ТРЕТ СТОЛБ ВО СИСТЕМОТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ

12.01.2024, СКОПЈЕ

Според националниот систем за интегритет, кој го подготвува и објавува „Транспаренси Интернешнл“ - Македонија, Институцијата Народен правобранител, заедно со Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, имаат најдобри резултати за интегритет, отчетност, одговорност и подготвеност за борба со корупцијата.

Народниот правобанител е означен како трет столб, од вкупно 15 кои влегуваат во овој систем за интегритет. Истражувањата за овој систем се спроведени изминатите две години, а овој систем дава сеопфатна слика за институционалниот контекст на земјата во однос на интегритетот, отчетноста и транспарентноста.

Инаку, и во 2016 година, во рамките на овој систем Институцијата Народен правобранител беше високо рангирана.