ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

С О О П Ш Т Е Н И Е

26.09.2022, СКОПЈЕ

Се известуваат граѓаните од општините Штип, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Свети Николе, Делчево, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Радовиш и Карбинци дека поради одлив на кадар (заминување во пензија и немање на заменик-народен правобранител, до пополнување на едно од овие испразнети места), приемот на граѓани/странки во Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Штип, ул.„Тошо Арсов“ бр 56, ќе се врши секој вторник во периодот од 10 до 14 часот.


Инаку, граѓаните и понатаму можат да поднесуваат претставки во архивата на Подрачната канцеларијата во Штип секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, како и електронски на е-меил адресата contact@ombudsman.mk.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ