ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ПОСЕБНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕТО НА ПРИМЕНАТА НА НАЧЕЛОТО ЗА СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВОЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА 2021 ГОДИНА

20.12.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери на прес-конференција го објави Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор за 2021 г. „Во однос на минатата година, оваа година на збирно ниво забележано е намалување на бројот на вработени од македонската задница за 0,5 %, односно намалување за 1.354 лица. За истиот процент, пак е зголемен бројот на вработените од албанската заедница, додека од помалите етнички заедници забележано е намалување на вработувањата кај турската заедница за 0,1 %. Кај припадниците на останатите заедници вработувањата се останати на истото ниво од минатата година“, истакна, меѓу другото, на прес-конференцијата народниот правобранител, г.Насер Зибери.

Според него и покрај напредокот кој е забележан при имплементирање на ова начело, сѐ уште има институции кои служат како лош пример при неговото почитување. Како позитивен пример каде има подобрување по упатените укажувања од страна на Народниот правобранител е посочен кабинетот на претседателот на државата, потоа службата на Собранието на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Како констатација, народниот правобранител истакна дека и покрај одредениот напредок кој е забележан во поглед на спроведување на начелото на соодветна и правична застапеност, потребна е поголема сериозност од страна на сите чинители за да се воспостави систем на еднакви граѓани.