ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО НЕЕВИДЕНТИРАНИТЕ ЛИЦА ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА
11.02.2025, СКОПЈЕ
Народниот правобранител, г.Насер Зибери одржа прес-конфереција на која го актуелизираше прашањето/проблемот со неевидентираните лица во матичната евиденција, што најмногу ги засега таканаречените ранливи категории граѓани, а кој, како што кажа, никако конечно да се реши. „Претпоставувам скоро на сите ви е добро познато дека проблемот со незапишувањето во матичната евиденција е долгогодишен и дека за неговото решавање се донесе и посебен Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, кој во меѓувреме заради продолжување на рокот за поднесување на барања и обезбедување на соодветните права, беше изменет. Во овој процес, беа вклучени и невладините организации, кои за решавањето на проблемот со запишувањето на лицата, на терен помагаа за нивна идентификација, дури и Парламентот организираше надзорна расправа. Сепак , до институцијата и натаму пристигнуваат претставки од оваа област, што укажува дека сѐ уште има лица кои се навидливи за системот“, рече, меѓу другото, народниот правобранител, г. Насер Зибери. Тој, на прес-конференцијата, оваа ситуација ја илустрираше со пример за дете родено во 2012 година, и кое се до јануари годинава, значи скоро цели 13 години имало статус на нееевидентирано лице во матичната книга на родени и во текот на сите овие години, не можело да ги остварува истите права како сите други деца. „Откако мајката на детето поднела барање до Министерство за правда - Управа за водење на матични книги за дополнително запишување во матичната книга на родени и не го добила во законскиот рок, минатата 2024 година, предметот беше пријавен до Народниот правобранител (НП), кој како што кажав погоре на почетокот на оваа 2025 година успешно го реши. Токму затоа, ја корисистам оваа прилика, како народен правобранител да ги повикам сите граѓани кои се соочуваат со вакви проблеми да се обратат до нашата канцеларијата за да добијат соодветна помош. Исто така, најавувам дека во оваа 2025 година повторно како и во 2021 година, ќе се навратиме на оваа тема и ќе се обидеме да видиме дали сѐ уште има и колку се тие лица кои поради немањето на извод од матичната евиденција, се невидливи за сиситемот“, истакна народниот правобранител, г. Насер Зибери.