ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПО ПОВОД 8. АПРИЛ-МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

08.04.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител го честита 8 Април - Маѓународниот ден на Ромите, и ги повикува сите чинители во општеството на солидарност кон оваа ранлива група граѓани, истовремено повикува да се пружи ефикасна и делотворна поддршка на ромската заедница, како најмаргинализирана општествена група.

Народниот правобранител во своето работење покажува особен сензибилитет кон остварувањето на правата на Ромите, како најзагрозена општествена група, особено најзагрозена категорија, за жал се децата Роми чиј целокупен раст и развој е во сиромаштија и живеење во неформални услови што носи со себе многу ризици.

И покрај тоа што државата презема низа мерки и активности за унапредување на положбата на Ромите, и понатаму постојат системски проблеми, клучни пречки и предизвици со кои Ромите секојдневно се соочуваат, најмногу во областите социјална заштита, образование, здравствена заштита, евиденција - обезбедување/издање на лични документи, домување, со што квалитетот на живот на оваа заедница и понатаму не е подобрен. Во таа насока истакнува дека попристапно образование, обезбедување здравствената заштита, намалување на сиромаштијата со полесно вработување се цели кон кои треба да се залагаме за нивна целосна интеграција во општеството. Народниот правобранител инсистира на целосна поддршка на ромската заедница, од страна на сите субјекти во државата, и истовремено потенцира дека сите подеднакво мора да покажеме спремност за решавање на комплексните проблеми на оваа етничка заедница, за подобрување на нивната положба во општеството и соодветна и правична застапеност.

Народниот правобранител и понатаму ќе го следи спроведувањето на мерките и стратегиите на Владата на РСМ за социјално имплементирање на Ромите во сите сфери на општественото живеење, а со тоа и за остварување на нивните загарантирани права.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ