ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ - НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ГО ОБЈАВУВА СВОЈОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2024 ГОДИНА ГОДИНА
18.07.2025, СКОПЈЕ
По повод одбележувањето на 18 јули, Денот на Нелсон Мандела, како и десет годишнината од ревидираните Правила насловени токму по него, „Стандарните минимални правила на Обединетите Нации за постапување со затвореници“, Народниот правобранител - Национален превентивен механизам го објавува својот Годишен извештај за 2024 година во којшто повторно фокусот го става на состојбата со казнено-поправните установи во РС Македонија, полициските станици, како и центрите каде што се сместуваат и задржуваат мигранти, односно странци и баратели на азил.