ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

20.10.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител до Министерствто за труд и социјална политика поднесе Иницијатива за измена и дополнување на Законот за социјална заштита. Имено, членот 44 од Законот за социјална заштита, со кој се определува надоместок заради попреченост, се обезбедува - за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Но, според став 2 од истиот член, „надоместок поради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот“.

Народниот правобранител смета дека постојното нормативно решение предвидено во член 44 став 2 од Законот со кое определена граница - „најдоцна до 65 годишна возраст“ е всушност ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост, што пак, упатува на заклучок дека одлучувачко да се оствари правото на надоместок за попреченост наместо состојбата на попреченост е возраста на лицето.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ