ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЈА ПОДДРЖА КАМПАЊАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ОНЈАЛН НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

13.06.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител се приклучии и ја поддржа кампањата на невладината организација„ Диверзиум„ за борба против онлајн насилството врз жените, која ќе трае до крајот на 2022 година.

Целта на кампањата е да се даде поддршка на сите жени кои биле жртви на воков вид на насилство, но и а се подтигне свеста кај нив дека не се должни да трпат насилство и дека истото треба да го пријават со цел сузбивање на оваа девијантна појава.

Крајната цел на кампањата е поднесување на иницијатива до Собранието, каде што онлајн насилството ќе се третира како посебен тип на насилство во рамките на Кривичниот законик и ќе значи кривична одговорност за сторителите.

Учесници во кампањата може да бидат пред се жени кои биле жртви на онлајн насилството или непосредно се сретнале со него преку своето јавно дејствување. Учесничките во кампањата е потребно да испрат цитат во кој преку сопственото искуство и промислување ќе дадат дефиниција на онлајн насилството, ќе овозможат да се видат некои последици или ќе повикаат на осуда и казна за сторителите.

Повеќе за кампањата на следниот линк.