ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

АПЕЛ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

24.12.2025, СКОПЈЕ

Вработените во Народниот правобранител јавно апелираат за безизлезната состојба во која се наоѓа институцијата. Имено, подолг временски период, институцијата Народен правобранител се наоѓа во ситуација во која и е оневозможено нејзиното функционирање, како во однос на нејзината надлежност за промоција и заштита на човековите слободи и права, така и за исполнување на нејзините обврски пред домашни и меѓународни институции и тела, надлежности кои и се дадени со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за народниот правобранител. Исто така, Институцијата се соочува и со проблеми во врска со непреченото остварување на правата на вработените.

Во прилог e Апелот на Народниот правобранител испратен до медиумите и јавноста, како и последното итно Барање до Собранието на РСМ доставено на 11.12.2025 година, по кое до денешен ден (24.12.2025 год.) се уште немаме добиено одговор.