ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА КАЈ СЛОВЕНЕЧКИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

09-10.11.2022, ЉУБЉАНА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот на НПМ: Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, на 9 и 10 ноември 2022 година остварија студиска посета кај колегите од на словенечкиот НПМ каде што имаа можност да се сретнат и разменат искуства со Иван Шелих, заменик-омбудсман и одговорен за работата на НПМ, како и со членовите на тимот: Ана Полутник, Соња Божич Тестен, Јуре Маркиќ и Роберт Ганчиќ.

Посетата беше искористена за размена на меѓусебните искуства во делот на методологијата на работа и начинот на посета во местата каде што се врши или може да се врши лишување од слобода или задржување, а посебно внимание беше посветно на соработката што НПМ ја остварува со невладините организации и праксата на ангажирање надворешни стручни соработници/експерти во одредени области за време на НПМ посетите.

Во оваа смисла членовите на македонскиот НПМ тим имаа можност подетално да се запознаат со начинот на којшто словенечките колеги вршат превентивни посети и прашањата на коишто посветуваат внимание за време на посетите во полициските станици, казнено-поправните установи, во психијатриските болници, во местата каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил, како и во социјалните установи во коишто на корисниците им е ограничена слободата на движење.

За време на посетата од страна на словенечкиот НПМ беа организирани две превентивни посети, од кои едната во Заводот за едукација и обука Логатек, каде што се сместени деца со емоционални и бихејвиорални проблеми и нарушувања, а другата во Заводот за обука, работа и грижа д-р Маријан Борштар во Дорнава, каде што се сместуваат деца и возрасни со физичка и психичка попреченост, како и лица со најтешки форми на психички нарушувања. На овој начин членовите на македонскиот НПМ тим имаа можност непосредно да се запознаат со начинот и методологијата на спроведување превентивни посети од страна на словенечките НПМ тим.