ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СТУДИСКА ПОСЕНА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОМБУДСМАНОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА

15-17.10.2024, МАДРИД, КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Делегација од канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, предводена од народниот правобранител г.Насер Зибери, заедно со претставници на Високиот комесар за човекови права при канцеларијата на Обединетите нации во Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, од 15 до 17 октомври, реализираа студиска посета на канцеларијата на Омбудсманот на Кралството Шпанија.

Во рамките на посетата беа разменети искуства во поглед на работата на двете институции, со акцент на работењето во областа животна средина - еколошка правда. Притоа, и двете страни се согласија дека, правото на живот во здрава животна средина, кое е уставно загарантирано право, и дека државите истото мора да го почитуваат, со оглед на високиот степен на неговото значење. Исто така, беа презентирани начините и можностите кои канцеларијата на Омбудсманот на Шпанија ги користи при работењето во сферата на екологијата.

Во рамките на посетата беше остварена средба и беа презентирани искуства од соработката на невладиниот сектор со канцеларијата на Омбудсманот во областа заштита на животната средина, а беше претставена и работата на Директоратот за заштита на човековите права кој функционира при Министерството за надворешни работи на Шпанија.

Делегациите разменија искуства и во поглед на работата и во другите области над кои се надлежни, стана збор и за начините на финансирање на институциите, при што беше нагласена потребата од целосна финансиска независност, со цел поефикасна заштита на правата на граѓаните. Исто така, во рамките на посетата се зборуваше и за предизвиците со кои би се соочиле институциите во иднина. Инаку, посетата беше реализирана во рамките на проектот „Зголемување на улогата на Народниот праобранител во еколошката правда“,финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а кој канцеларијата на народниот правобрантел го спроведува во соработка со Програма за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје.