ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
03-07.06.2024, ЗАГРЕБ, РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Претставник на канцеларијата на Народниот правобранител – државен советник, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, заедно со уште дваесетмина претставници на други иституции од Република Северна Македонија, беше дел од студиската посета во Република Хрватска. Посетата беше организирана во рамките на проектот на Советот на Европа „Квалитетно образование за сите“, финансиран од Сојузна Република Терманија, а во соработка со Мрежата на центри за образовни политики. Во Делегацијата, покрај преставникот на Народен правобранител, учествуваа и претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за правда, владини претставници, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и претставници на локалната самоуправа од Битола и Штип. Од овие две општини учествуваа и директори и наставници од училиштата, со цел да разменат искуства од хрватските стратегии за инклузивно образование, особено во поглед на резултатот од Пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Оршуш и други против Хрватска, која споделува многу слични карактеристики со случајот Елмазова и други против Северна Македонија. Значаен дел од посетата беше и средбата на Делегацијата со Канцеларијата на Народниот правобранител за деца на Р.Хрватска. Оваа средба претставуваше можност да се истражи заштитата и унапредувањето на правата на децата во образовната рамка, како и да се разбере улогата на Народниот правобранител во справувањето со образовните нееднаквости и застапувањето за инклузивни образовни политики. За време на посетата, Делегацијата се сретна со претставници на Министерството за наука и образование на Република Хрватска, каде што им беше претставена детална презентација за образованието на Ромите во Хрватска, истакнувајќи ги стратегиите и политиките што се спроведуваат за поттикнување на инклузијата и за борба против сегрегацијата. Тие, исто така, имаа сесија со Канцеларијата за човекови права и права на националните малцинства за да разговараат за Националниот план за вклучување на Ромите во Хрватска, добивајќи вредни увиди во владините мерки за надминување на образовните разлики и промовирање на инклузијата. За време на студиската посета, учесниците, со хрватските власти и едукатори, разменија значајни иксутва за добрите практики за создавање инклузивни образовни средини. Оваа посета значително придонесе за тековните напори за подобрување на образовните практики во Северна Македонија, особено како одговор на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Елмазова и други против Северна Македонија, која ја истакна сегрегацијата на учениците Роми.