ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РС.МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РЕПУБЛИКА ПОЛСКА
25.04.2023, ВАРШАВА, РЕПУБЛИКА ПОЛСКА
Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот во состав: м-р Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, во периодот од 25 до 28 април 2023 година, реализираа студиска посета на полскиот НПМ во рамки на која одржаа и неколкучасовна средба со претставници на Канцеларијата за темелни права на ФРОНТЕКС (Fundamental Rights Officer (FRONTEX). Имено, првиот ден од посетата на Република Полска беше посветен на работниот состанок со претставници од Канцеларијата за темелни права на ФРОНТЕКС (Fundamental Rights Officer (FRONTEX), на кој се разговараше за начинот на постапување по претставки за сериозни инциденти и известување за истите, следењето (мониторирањето) на темелните права на мигрантите, како и за конкретните активности што во моментов ФРОНТЕКС ги спроведува во Македонија. Посетата на НПМ тимот на Полска опфати меѓусебен брифинг за начинот на кој тимовите од двете земји функционираат, методологија на работа, како и предизвици со кои членовите на НПМ тимовите од обете земји се соочуваат. Во рамки на студиската посета се реализираа посети на две институции и тоа, на Регионален воспитен центар за деца во кој се сместени девојчиња со проблеми во општото функционирање во средината во која живеат, како и на Центар за сместување на мигранти, и тоа баратели на азил и илегални мигранти кои чекаат депортација. НПМ тимовите договорија продолжување на понатамошнатаа соработка и размена на информации.