ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА – „НЕЗАВИСНОСТА - ФУНДАМЕНТАЛЕН ЕЛЕМЕНТ ЗА УСПЕШНОСТ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ“

24-25.05.2023, ПРИШТИНА, РЕПУБЛИКА КОСОВО

Заменик-народниот правобранител, г-ѓа Сузана Салиу учествуваше на 12-тата Конференција и Генералното собрание на Асоцијацијата на Омбудсман институциите на земјите на Медитеранот(АОМ), која се одржа во Приштина.

На конференцијата учествуваа омбудсманите на Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција, Кипар, Малта, Турција, Израел, Палестина, додека дел од членките беа вклучени преку он-лајн платформата. Теми на Конференцијата беа „Независноста како фундаментален елемент за ефективни омбудсман институции“ и „Омбудсман институциите под закани-предизвици и можности“, тема, на која со свое излагање се обрати и г-ѓа Сузана Салиу.

Беше истакнато дека независноста, вклучувајќи ја и финансиската независност претставуваат фундаментален елемент за успешно функционирање на омбудсман институциите и успешна заштита на човековите права и слободи. Омбудсман институциите треба да се градат и однесуваат согласно познатите Париски принципи и начелата на Венецијанската комисија, според кои интегритетот и независноста на овие институции се клучни за нивното успешно и ефективно функционирање. На Конференцијата беше усвоена и Декларација (Приштинската Декларација), со која уште еднаш се афирмираше потребата за промовирање, унапредување, почитување и заштита на човековите права и слободи, во секоја земја.

На Конференцијата, омбудсманот на Словенија, г.Петер Светина беше избран за нов потпретседател, додека Регионалниот омбудсман на Лацио-Италија беше примен за нов член на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот.

Омбудсманите од земјите на Медитеранот, во рамки на Конференцијата во Приштина, беа примени и од страна на Претседателот на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи