ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАСЕР ЗИБЕРИ

  • Роден 1961 година во с.Ласкарци-Скопје

  • 1980 година завршил средно образование во Гимназијата „Зеф Љуш Марку“ – Скопје;

  • 1985 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина, Република Косово;

  • од 1986 до 1990 година работел во НИП „Нова Македонија“ како новинар во редакцијата на дневниот весник „Фљака е Влазеримит“;

  • 1990 - на првите повеќепартиски избори избран е за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Пратеничкиот мандат го добива и на вторите парламентарни избори одржани 1994 година, како и на третите одржани 1998 г.;

  • во периодот 1990-1994 година бил претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и член на Комисијата за уставни прашања. Во истиот период бил член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во парламентарното собрание на ОБСЕ;

  • во периодот 1996 - 1998 година ја извршува функцијата министер за труд и социјална политика и потпретседател на Владата на Република Северна Македонија;

  • извршувајќи ја ова функција активно соработува со граѓанскиот сектор, невладините и синдикалните организации, Стопанската комора, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во времето на неговиот мандат направени се крупни реформи во областа на трудовото право, социјалната заштита, правата на детето, заштитата на семејството, како и реформи во областа на пензиското и инвалидското осигурување, заштита на правата на работниците, ранливите категории - социјалните групи и лицата со посебни потреби. За неговата работа има добиено бројни признанија, благодарници и дипломи од невладините организации, Црвениот крст и други релевантни субјекти;

  • во овој период учествувал на многу домашни и меѓународни конференции, обуки, семинари, работилници и трибини во областа заштита на човековите слободи и права;

  • во перидот 1998 до 2002 година бил координатор на пратеничката група на Партијата за демократски просперитет, член на Законодавно-правната комисија и член на Комисијата за уставни прашања;

  • Во текот на 2001 година бил член на експертската група за изготвување на Охридскиот рамковен договор и промените на Уставот на Република Северна Македонија предложен од пратеничката група на Партијата за демократски просперитет;

  • Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија;

  • Во 2004 година е избран за нотар за подрачјето на Основните судови на градот Скопје;

  • 25.01.2021 година е избран за Народен правобранител.