ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

Мандат на Народниот правобранител


Собранието на Република Македонија, го избира и разрешува народниот правобранител. Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.Во извршувањето на функциите и надлежностите на народниот правобранител му помагаат заменици избрани од Собранието на Република Македонија. Изборот и разрешувањето на народниот правобранител и неговите заменици Собранието на Република Македонија го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.