ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
Претставка може да поднесе детето лично, родителот или старателот во име на детето и некое друго лице, орган или организација кои ќе дојдат до сознанија дека е повредено одредено право на детето. Задолженото лице за заштита на правата на децата ќе покрене постапка за заштита на правата на одредено дете и по сопствена иницијатива доколку дојде до такви сознанија од средствата за јавно информирање или на друг начин, секако кога станува збор за повреда на уставни и законски права на децата од страна на органите и организациите пред кои Народниот правобранител е надлежен да постапува.
Народниот правобранител е овластен да ги штити правата на граѓаните како поединци, а во тие рамки и правата на децата гарантирани со меѓународните акти ратификувани во согласност со Уставот, кои претставуваат дел од внатрешниот правен поредок.
Посебните права на децата за кои Народниот правобранител може да обезбеди заштита се правата определени со повеќе закони во Република Македонија од различни области и тоа кога тие права се остваруваат и обезбедуваат преку органите на државната управа или пред други органи и организации со јавни овластувања надлежни да одлучуваат за одредени права на децата