ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА 47 СЕСИЈА НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА И ДРУГ ВИД НА СУРОВО, НЕЧОВЕЧКО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ ИЛИ КАЗНУВАЊЕ

14.06.2022, СКОПЈЕ

На 47 сесија на Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Обединетите Нации (СПТ) што во форма на вебинар се одржа на 14 јуни 2022 година, претставник на Националниот превентивен механизам, м-р Славица Димитриевска ја презентираше состојбата со мигрантите и баратели на азил во земјата, односно наодите и препораките на Националниот превентивен механизам од спроведените посети во местата на лишување од слобода на мигранти, баратели на азил и странци.

Во фокусот на овој виртуелен состанок беа тековните состојби со миграциите во Европа, па така на еден компаративен начин се направи увид во состојбата со миграциите и мигрантите како лица во ризик преку излагања од Националните превентивни механизми на земјите од европскиот континент. Вебинарот беше збогатен со презентации на претставникот на СПТ, г. Масимилиано Багаљини кој се фокусираше на детектираните проблеми во однос на миграциите заеднички за многу земји, како и презентацијата на Посебниот известувач за правата на мигрантите, г. Фелипе Гонзалес Моралес кој поопширно се задржа на проблемите со кои мигрантите се соочуваат при остварување на своите права.