ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ПОДОБАР ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР ПРЕКУ ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА НА СОБРАНИЕТО СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

04-05.12.2025, СКОПЈЕ

Преставнички на Институцијата Народен правобранител, државните советници д-р Вида Поповска Кочишка и Албина Исламили, учествуваа на дводневна работилница на тема: „Подобар парламентарен надзор преку зајакната соработка на Собранието со Националните институции за човекови права“, организирана со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На Конференцијата, учество зедоа и пратеници-членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците при Собранието на Република Северна Македонија, како и членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, претставници на собраниската служба.

На работилницата, беа презентирани можностите за засилена институционална соработка на Народниот правобранител со собраниските комисии, пред сѐ, во однос на утврдените мерки на Собранието по препораките на Народниот правобранител, констатирани и содржани во Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права.

Дискусиите се водеа во насока на обезбедувањето засилен надзор на Собранието на Република Северна Македонија врз Владата на Република Северна Македонија во однос на имплементација на утврдените мерки по Препораките на Народниот правобранител, и навремено известување за преземените мерки од страна на Владата и органите на државната управа, со цел обезбедување на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните. На работилницата, беа изработени формални насоки за поинтензивна соработка на Собранието со Националните институции за човекови права, кои ќе бидат финализирани и усвоени во 2026 година заради обезбедување ефикасна и ефективна заштита на човековите права.