ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕСТАТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА СО ФОКУС НА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И РАДИКАЛИЗАЦИЈА

26-27.03.2024, СКОПЈЕ

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)/Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на 26 и 27 март, во Скопје, организираше дводневна обука за јакнење на капацитетите на лицата кои вршат мониторинг (надзор) на состојбите во местата на лишување од слобода и превенција и заштита од злоупотреба на човековите права на лицата лишени од слобода, со фокус на борба против насилен екстремизам и радикализам.

По тој повод, претставници на Националните превентивни механизми на Македонија, Косово и Албанија, како и претставници кои работат на заштита на правата на лицата лишени од слобода од Омбудсман институциите на овие земји, но и претставници од невладини организации учествуваа на обука која имаше за цел јакнење на капацитетите на овие лица за препознавање и надзор на третманот, програмите и начинот на кој се постапува со лица осудени за акти на тероризам, насилен екстремизам и радикализам.

Обуката беше испорачана од експерти на ОБСЕ/ОДИХР, како и претставник на Националниот превентивен механизам на Франција. Покрај едукативната компонента, обуката овозможи и размена на искуства и знаења меѓу присутните.