ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

УЧЕСТВО НА ВЕБИНАР ЗА ЈАКНЕЊЕ НА УЛОГАТА НА НПМ ТИМОВИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА ТОРТУРА И ДРУГ ВИД СУРОВО, НЕЧОВЕЧКО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ ИЛИ КАЗНУВАЊЕ

07.06.2023, СКОПЈЕ

Во организација на Поткомитетот за превенција на тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Обединетите Нации се одржа неколкучасовен вебинар посветен на јакнење на улогата на НПМ тимовите во превенција на тортура.

Темите на кои дел од европските НПМи се произнесоа со презентација на искуствата од своите земји, беа заштитата од репресалии, како во однос на лицата лишени од слобода, така и за оние кои работат во НПМ тимовите, како и зајакнување на капацитетите на НПМите за ефективно следење на степенот на спроведувње на препораките што произлегуваат од превентивните и последователни посети на места на лишување од слобода.

Македонскиот НПМ тим претставен преку м-р Славица Димитриевска, државен советник презентираше на втората тема од вебинарот и ги сподели своите видувања и искуства за начинот на кој се спроведуваат препораките на НПМ тимот во Македонија.

Ваквиот вид вебинари се од исклучителна важност за работата на НПМ тимовите бидејќи претставуваат форум за размена на искуства, пракси, но и нови методи на ефективно и ефикасно спроведување на мандатот.