ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ТРИ НОВИ ВИДЕА ВО РАМКИТЕ НА КАМПАЊАТА „СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА“

26.12.2024, СКОПЈЕ

Народниот правобранител во РСМ и Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи „Чекор по чекор“ продолжуваат со реализиација на видео кампањата СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА, во рамки на проектот Децата на 1-во место! финансиран од Европската Унија. Во рамките на кампањата изготвени се уште три видеа за детските права, ученичкото учество, безбедноста и заштитата од насилство.

Оваа кампања ќе се реализира до јуни, 2025 г. во партнерство на Одделот за заштита на правата на детето и лица со попреченост при канцеларијата на Народниот правобранител, Фондацијата „Чекор по чекор“ и основните училишта вклучени во проектот.

Кампањата има за цел да ја информира и едуцира јавноста за правата на детето, да ја зголеми свесноста за важноста од ученичкото учество и вклучувањето на учениците во донесувањето одлуки преку Ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител, како и да ја зголеми свесноста за безбедноста на децата во сајбер просторот и начините на заштита.