ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО КОМЕСАРОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Д-Р МАЈКЛ О’ФЛАЕРТИ
23.04.2025, СКОПЈЕ
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, д-р Мајкл О’ Флаерти, на која го запозна Комесарот со начинот на работата и поставеноста на Институцијата, како и поединечните мандати кои ги врши согласно Уставот, Законот за народниот правобранител, другите закони и меѓународно ратификуваните договори - конвенции. Народниот правобранител се заблагодари на поддршката која Советот на Европа и ја дава на Иституцијата и го запозна соговорникот со активностите кои Народниот правобранител ги презема, со цел исполнување на Париските принципи, а сѐ со цел добивање на А статус - Национална институција за човекови права. Акцент на средбата беше ставен и на состојбата со Ромите во државата и нивната вклученост во сите сфери на општественото живеење. Во тој сегмент, особено беа истакнати заложбите на Институцијата за елиминирање на сегрегацијата во образованието, како и активностите кои се преземаат за намалување на бројот на децата Роми на улица. Исто така, на средбата стана збор и за работењето на институцијата во поглед на еколошката правда и заштитата на животната средина.