ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Н.Е. МИХАЛИС РОКАС

18.12.2024, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г. Насер Зибери оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, н.е. Михалис Рокас.

На средбата, народниот правобранител се заблагодари за посетата и го запозна амбасадорот со поставеноста, начинот на работата, мандатите кои ги остварува институцијата Народен правобранител на Република Северна Македонија и предизвиците и проблемите, со кои Институцијата се соочува во функционирањето.

Во таа насока, амбасадорот на Европската Унија особен интерес изрази да ги слушне согледувањата на народниот правобранител во поглед на средствата за работа - буџетот на Институцијата, кадровската екипираност со заменици на народниот правобранител, соработката со Собранието и Владата на Република Северна Македонија, како и со невладините организации.

Двајцата соговорници се согласија дека Омбудсманот како гарант за слободите и правата на граѓаните, заедно со останатите независни и регулаторни тела има важна улога во функционирањето на демократскиот систем и дека обезбедувањето претпоставки за негова независност од секој аспект, претставува еден од битните услови за европскиот интегративен процес на Република Северна Македонија.

Амбасадорот на Евроската Унија во Република Северна Македонија, н.е. г. Михалис Рокас, укажа дека во рамки на неговиот мандат, ќе презема и активности во насока на поддршка и унапредување на работата на Институцијата Народен правобранител.