ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Н.Е. ХОСЕ ЛУСИ ЛОСАНО ГАРСИЈА

14.07.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е.Хосе Луси Лосано Гарсија.

На средбата, народниот правобранител, г.Насер Зибери се заблагодари за посетата, и го запозна амбасадорот со поставеноста, начинот на работата и мандатите кои ги остварува институцијата Народен правобранител на Република Северна Македонија, како и за соработката со институциите над кои надлежно постапува. Двајцата соговорници се согласија дека Омбудсманот е всушност гарант за слободите и правата на граѓаните и дека има важна улога во сите демократски општества.

На средбата, исто така, стана збор за можното продлабочување на соработката на Институцијата со регионалните омбудсман институции во Кралството Шпанија.