ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

РАБОТНА СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г. НАСЕР ЗИБЕР СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ, Г. МАРКО БИСЛИМОСКИ

14.06.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари работна средба со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, м-р Марко Бислимоски, на која се разговараше за иницијативата на канцеларијата на Народниот правобранител за измена на регулативата која се однесува на отчитувањето на броилата за електрична енергија (струјомерите), односно измени во досегашната пракса. Конкретно, иницијативата е во насока на благовремено и континуирано отчитување на состојбата на броилата за потрошена електрична енергија, а сѐ со цел граѓаните-потрошувачи да се обврзуваат за плаќање на износ за електрична енергија којашто реално ја потрошиле.

Според народниот правобранител, г.Зибери, иницијативата е резултат на согледувањата и констатитраните состојби од досегашното предметно работење, поточно, граѓаните во континуитет со години доставуваат претставки во кои изразуваат незадоволство од високите сметки за електрична енергија, кои не соодветствуваат на реално потрошената електрична енергија, што се должи на паушалните пресметки на ЕВН за потрошената енергија, како резултат на обврската, согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, кои ги утврдува Регулаторната комисија, а според која ЕВН е обврзана броилата да ги отчитува најмалку еднаш годишно.

„За решавање на овој проблем веќе одржавме состанок со претставници на Регулаторната комисија, на состанокот беше присутен и претседателот на комисијата, г. Бислимовски, на кој се дискутураше за изнаоѓање на соодветно решение. Со оглед на фактот што веќе е најавено зголемување на цената на електричната енергија, но и спроведување на една поголема реформа при наплатата на истата, сметаме дека е добро што е прифатена нашата инцијатива броилата да се отчитуваат повеќе пати во текот на годината - квартално“, истакна по средбата народниот правобранител, г.Насер Зибери. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, м-р Марко Бислимоски, истакна дека оваа иницијатива е прифатлива и ќе биде вградена во новата регулатива, од причина што таа е во интерес на граѓаните, односно намалување на паушалното плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.