ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРАВОТО НА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ООУ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

23.05.2025, СКОПЈЕ

Вработени во Канцеларијата на народниот правобранител - државните советници од Одделот за заштита на правата на децата и на лицата со попречност, заедно со дваесетина вработени лица од ООУ „Ацо Шопов“ Скопје, во општина Бутел - стручниот тим и дел од наставниците, реализираа работилница на тема: „Правото на инклузивно образование на децата со попреченост низ призмата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост“. На работилницата, секој од учесниците, од својт аспект на работа, сподели искуства и добри практики во работата во делот на инклузивното образование, со цел присутните да се стекнаат со нови сознанија заради унапредување на инклузивната пракса.

Оваа работилница е дел од проектните активности кои Народниот правобранител ги спроведува во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а кои имаат за цел да се подигне свесноста кај наставниот кадар и стручните соработници за значењето и потребата од квалитетна инклузија на учениците со попреченост. Имено, преку градење на поинклузивна и поддржувачка училишна средина, како и проширување на знаењето за попреченоста, моделите (пристапите) на гледање кон попреченоста, разумното прилагодување, ќе се добие инклузивно образование кое ќе биде согласно Законот за основното образование и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.