ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРОМОТИВНО-ИНФОРМАТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И УЛОГАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

24.10.2025, ГОСТИВАР

Народниот правобранител - Тимот за следење на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за права на лицатата со попреченост, продолжи со реализација на активностите за запознавање со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и улогата на Народниот правобранител во заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост.

Вториот локален настан се одржа на 24.10.2025 во Гостивар, во просториите на Дневниот центар - Blue puzzle кој е овластен давател на услугата индивидуален третман, а е раководен од родителска организација на деца со аутистичен спектар на нарушување. Претставниците од Народниот правобранител имаа можност да се запознаат со услугите и просторните услови кои ги нуди овој давател на услуги, како и да дискутираат со родителите/старателите на децата кои ги користат oвие услуги, односно да се запознаат со нивните искуства за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат при остварувањето на правата.

Активностите од промотивно-информативен карактер ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период преку организирање на локални настани во местата каде Народниот правобранител ги има своите подрачни канцеларии.