ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИЕТЕЛ УЧЕСТВУВАА ВО КАМПАЊАТА „ЗАЕДНО ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА“
10.12.2024, СКОПЈЕ
Претставници од канцеларијата на Народениот правобранител, зедоа учество на настан - Јавна средба на средношколците од СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје, во организација на Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ - Скопје, во рамки на кампањата: „Заедно ставаме крај на насилството врз жени и деца“, на која, учество зедоа и претставници на МВР, ЈУ МЦСР на Град Скопје и ЈЗУ Клиника за гинекологија Скопје. Зборувајќи за најчестите поплаки упатени/доставени до Народниот правобранител, за заштита од различни форми на насилство (родово базирано и семејно насилство врз жени и девојки, како и врсничко насилство во училиштата), државната советничка во Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа упати апел до средношколците да се информираат за своите права и механизмите за нивна заштита, како и за постоењето на шелтер центри за пријавување на насилство, укажувајќи дека премолчувањето на случај на насилство и ненавремената реакција може да го загрози и да го доведе во прашање физичкото и менталното здравје на жртвата. Осврнувајќи се на штетните практики на традиционалните сфаќања за местото и улогата на жената/девојчињата и праксата за непријавување на насилство, г-ѓа Бајрамовска Мустафа ги запозна присутните со улогата и надлежностите на Народниот правобранител во заштита на насилство, постапката за поднесување претставка и мерките кои може да ги преземе Народниот правобранител кон органите и институциите за заштита, превенција и спречување на каква било форма на насилство, доколку не бидат преземени мерки од надлежните органи по пријавите за насилство. На средбата, средношколците беа информирани за постојните центри (Шелтер), во градот Скопје за пријавување и заштита од семејно насилство и родово базирано насилство, начините на пристапување кон истите на локално и на национално ниво, а беа запознати и со правата кои ги има жртвата на насилство.