ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ПРИСУСТВУВАА НА НАСТАН ПО ПОВОД 21. МАРТ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ТРИСОМИЈА 21“ - СКОПЈЕ

21.03.2023, СКОПЈЕ

По повод 21.Март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, во просториите на „Млади Хаб“ – Скопје, беше организиран настан од страна на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ – Скопје, на кој присуствуваа претставници од Одделот за заштита на права на деца и лица со попреченост при Народниот правобранител. На настанот/изложбата, којa имаше за цел надминување/ рушење на постоечките стигми кои постојат кон овие лица и нивна инклузија во општеството, беа изложени мозаици изработени од членовите од Здружението, со што се испрати порака дека овие лица можат многу успешно да се изразуваат преку ваков вид на уметност.

Народниот правобранител смета дека овој вид настани се можност за потсетување на сите субјекти/чинители во општеството за проблемите со кои се соочуваат овие лица, а кои се системски и долготрајни, како и за подигање на свесноста за правата кои ги имаат лицата со Даунов синдром, но и за подигање на јавната свест за можностите и потенцијалите на овие деца. Оттука потребно е државата попосветено да пристапи кон согледување на нивните потреби/проблеми и да им овозможи учество на лицата со попреченост и нивните претставнички организации во процесите кон нивно решавање, со што би се постигнале промени во посакуваната насока.